Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде разгледан извештајот на Зврлевски

by fokus

Горан Сугаревски од СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ прави се само за извештајот за работата на Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски да не дојде на ред.

-ВМРО-ДПМНЕ не сака извештајот на Марко Зврлевски никогаш да не се разгледа. Неговиот извештај требаше да биде прв, а втор на СЈО. Од утре е Буџетот на седница. Потоа влегуваме во роковите за распуштање и седницата на оваа Комисија им е тенденција никогаш да не се одржи, а тие ќе тврдат дека некој бега од седницата, рече Сугаревски.

Тој се осврна и на надозорната расправа за поплавите, за која рече власта не сака надзорна расправа и прават сè да се изгуби на време мислејќи дека така ќе избегнат одговорност.

Поврзани новости