Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира гласачите со наводна изградба на станови за мигранти

by fokus

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, негира дека е во план изградба на станови за населување на мигранти. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги користи овие лажни информации за да манипулира со гласачкото тело во пресрет на локалните избори.

-Во неколку наврати сум одговорил на ова прашање. Само во замислата на ВМРО ДПМНЕ за да направи манипулација со гласачкото тело на локалните  избори, најавуваат беглаци и мигранти и изградба на кампови и станови. Тврдам дека ниту кампови ниту станови нема да се градат за мигранти и бегалци – изјави министерoт Сугарески.

За време на денешната посета со владина делегација на реставрираната спомен куќа на Блаже Конески во село Небрегово, Сугаревски изјави дека се обезбедени сите средства за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во висина од околу 70 милиони евра. Пред десетина дена, рече тој, потпишан е договорот со ЕУ за финансирање на вториот дел од експресниот пат, конкретно делницата од Градско до Дреново.

Поврзани новости