Сугаревски: Концептот на Заев е добар!

by Фокус 19:20
19:20

Изборот на кандидатите за пратеници на СДСМ и опозициската коалиција, освен оставка од Софија Куновска од претседателското место на градската организација партијата, предизвикало незадоволство и кај дел од младинската и организација и во унијата на жени, кои реагирале против некои кандидати на седницата на Централниот одбор.

Според неофицијални информации, незадоволдство се јавило и кај дел од досегашните пратеници кои не се најдоа на пратеничките листи, од кои некои воопшто не дошле на партискиот конгрес, додека други накратко се појавиле и веднаш заминале.

- Advertisements -

Фокус стапи во контакт со координаторот на пратеничката група на социјалдемократите, Горан Сугарески, кој не сакаше да коментира дали има револт кај дел од пратениците, туку само кусо го поздрави концептот на партискиот лидер Зоран Заев.

В.С.

Поврзани новости