Сугарески: Власта пак носи закони на шверцерски начин

by fokus

Владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието на Република Македонија повторно и без присуство на опозицијата изгласаа нови измени на законот со кој го формираа новиот универзитет „Дамјан Груев“, реагираше Горан Сугарески од СДСМ.

-Со ова, власта само потврди дека закон донесен без претходни консултации,без финансиска конструкција и на шверцерски начин, нема долг рок на траење. За да биде апсурдноста поголема, за новиот универзитет, во ребалансот на буџетот за 2016 година, не е предвиден ниту еден денар, рече Сугарески.

Тој додаде дека СДСМ и коалиционите партнери се против буквалното уништување на образованието со несоодвтено „штанцање“ на универзитети коишто пред се имаат за цел вдомување на партиски кадри и послушници на власта.

Поврзани новости