Сугарески: Ќе се формира извршно тело за безбедноста во сообраќајот

by Фокус 11:59
11:59

Владата планира во следните шест месеци да формира извршно тело што ќе се грижи за безбедноста на сообраќајот, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Побаравме до сите институции да испратат номинација на експерти кои ја познаваат оваа проблематика се со цел да формираме едно сериозно извршно тело кое ќе ги преземе сите мерки за да се надмине оваа ситуација која ја имаме моментално – изјави Сугарески пред денешниот состанок на Секторската група за транспорт на Република Македонија.

Тој додаде дека при носењето на одлуката за потребата од едно вакво тело биле земени предвид сите аспекти, посебно бројката од 160 до 200 жртви во сообраќајот на патиштата низ државата.

Поврзани новости