Сугарески кандидат за градоначалник на Прилеп: Цела кариера сум фајтер, но без удари под појас!

by Fokus

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески ќе се кандидира за градоначалник на Прилеп, објави тој на социјалните мрежи.

Како што истакна Сугарески, убеден е дека ќе ја добие поддршката од неговите сопартијци и дека ќе извојува победа на изборите.

„Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој. Јас целата своја досегашна политичка кариера ја поминав како политички фајтер, но кој никогаш не задавал удари под појас! Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на 6 месечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа. Не сакам да оставам ниту трошка сомнеж дека на било каков начин ќе го злоупотребам моето учество во извршната власт за да влијаам на постапката за избор на кандидат за градоначалник. Внатрепартиската процедура не смее да има ниту една дамка. Длабоко сум убеден дека ова е логичен и принципиелен демократски исчекор во една модерна, транспарентна и супер демократска партија како СДСМ. Тоа значи дека од 11 јули јас се враќам на моето работно место во Општина Прилеп! Нека победи најдобриот! Ако членството на Општинската организација на СДСМ Прилеп и централното партиско раководство ја даде довербата на друг кандидат, бидете сигурни дека ќе му ја дадам мојата безусловна подршка и ќе трчам како да сум јас!“, напиша Сугарески на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости