Сугарески: Дали на Мијалков му треба дипломатски пасош за да пренесува сомнителни работи преку граница?

by Фокус

Очигледно е дека фамилијарните врски со Никола Груевски се пресудни Сашо Мијалков да ја минува државната граница без никакви контроли и проверки, рече на денешната парламентарна седница за пратенички прашања Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицискиот СДСМ.

– Дали како премиер гарантирате дека Мијалков поминува низ контрола кога ја минува границата, што крие во непроверените торби и дали дипломатскиот пасош му е издаден за да пренесува сомнителни работи? – праша Сугарески.

Во врска со пиштолот со кој Мијалков беше фатен на белградскиот аеродром, Груевски рече станува збор за грешка во небрежност и притоа додаде дека неговиот прв братучед воопшто не поседува дипоматски пасош.

Поврзани новости