Судски спор на секретарка со МНР со години ги блокира сметките на конзулатот и амбасадата во Италија

by fokus

Со години се блкирани сметките на македонскиот конзулат во Венеција и на амбасадата во Рим, поради што исплатите се вршат преку личните сметки на конзулот и на амбасадорот.

Причина за блокадата, според ревизорскиот извештај за МНР, е судски спор од 2004 година, која според информации на „Фокус“, го покренала поранешна секретарка Снежана Ј.  која била вработена со договор на дело во амбасадата во Рим, а потоа била избркана.

-Врз основа на поднесена тужба од 2004 година донесена е судска пресуда со која се обврзува МНР да исплати побарување од работен спор во висина од 98.533 евра. Поради неизмирување на обврските, активиран е налог за извршување на сметките на Генералниот конзулат во Венеција и амбасадата во Рим. До денот на вршење на ревизијата побарувањето заедно со пресметана камата и трошоците за наведениот судски спор на тужителот од Министерството изнесуваат 246.316 евра, се наведува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите истакнуваат дека судскиот спопр сѐ уште е во тек.

-Имено, поради тоа што во Република Италија признавањето и извршувањето на судските одлуки се однесува единствено на земјите членки на ЕУ, а во спротивно само со билатерален договор кој не е склучен меѓу нашата земја и Италија, тужителката до Основниот суд во Скопје има поднесено предлог за признавање на странска судска пресуда, кој е одбиен како неоснован, потоа обжален во Апелацискиот суд, кој исто така ја има одбиено жалбата како неоснована“, пишува во извештајот, а ревизорите додаваат дека е потребно судскиот спор да се реши во што е множно покус рок.

За неведениот судски спор е побарано мислење за понатамошно постапување и инволвирани се Министерството за правда и Државниот правобранител.

Ревизорите истакнуваат дека нашата земја поседува стан во Рим, наследен од имотот на поранешна СФРЈ но истиот, поради спорот, не може да биде запишан во катастарот на Италија како сопственост на нашата земја.

„Причина за неизвршениот упис е наведениот спор од причина што со самото запишување на правото на сопственост се јавува можност од присилно извршување на судската пресуда врз недвижниот имот, сопственост на нашата земја“, се вели во извештајот.

ДЗР смета дека од особена важност за државава е да се реши овој спор.

В.В.

Поврзани новости