Судски совет: Рибарев поднесе оставка од лични причини

by fokus

Стојанче Рибарев, в.д претседателот на Кривичниот суд си поднел оставка, официјално соопшти Судскиот совет.

-ВД претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје Стојанче Рибарев на 20.10.2017 година до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека од истиот ден се наоѓа на отворено боледување и дека негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.

     На 25.10.2017 година ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје Стојанче Рибарев до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа.

     Судскиот совет на Република Македонија, имајќи ги предвид овие две писмени известувања, во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности, се наведува во соопштението на Советот.

Поврзани новости