Судска одлука против АстраЗенека за неиспорачаните вакцини

by Fokus

Првостепениот суд во Брисел денеска одлучи дека фармацевтската компанија Астра Зенека има рок до 27 септември да ги испорача ветените дози вакцини до земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Станува збор за 50 милиони дози, од кои 15 милиони Астра Зенека мора да ги испорача до 26 јули во девет часот наутро, 20 милиони дози до 23 август и последните 15 милиони дози до 27 септември.

Европската Комисија ја тужи Астра Зенека за неиспорачаните вакцини предвидени во договорот склучен уште пред да бидат развиени вакцините. Поради доцнењата во испораката земјите членки на ЕУ се соочија со проблеми во кампањата на вакцинација на граѓаните.

Доколку фирмата не ги достави дозите на време ќе треба да плати по десет евра по неиспорачана доза, одлучи бриселскиот суд.

Поврзани новости