Судот во Москва му одреди притвор на Навални, тој повика на масовни протести

by fokus

Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев.

Во видео снимка тој пак побара Русите да излезат на улица во знак на протест поради начинот на кој е постапувано кон него.

– Не плашете се, излезете на улица. Не излегувате за мене, излезете за себе и за својата иднина, рече Навални на видеото објавено на Јутјуб, пренесува Гардијан.

Навални беше уапсен вчера на аеродромот Шереметјево, веднаш откако пристигна од Германија, со образложение дека ја прекршил условната казна.

Судското рочиште е закажано за 29 јануари, кога ќе се утврди дали условната казна ќе биде изменета.

Поврзани новости