Судот пресуди позитивно за промена на податоци за пол

by fokus

Македонското здружение на млади правници информира дека Управниот суд Скопје на 7 јули година донесе пресуда со која се уважува тужбата на тужителот и се поништува Решение на Министерството за правда, кој како второстепен орган го потврдил решението на Управата за водење на матичните книги и го одбил тужителот за исправка на податоците во матичната книга на родените за промена на податокот за пол.

Како што наведуваат од Судот, со спорното решение повреден е законот и во конкретниот случај нецелосно е утврдена фактичката состојба , поради што е погрешно применет Законот за матична евиденција и Законот за општата управна постапка, согласно кои Министерството за правда требало да му укаже на првостепениот орган за сторената повреда.

Заклучено е дека во текот на управната постапка не биле ценети доказите односно целокупната медицинска документација според која дошло до комплетна тренсформација на полот, поради што тужителот се стекнал со сите права согласно закон во склад со новоформираниот пол за промена на податоците во матичната евиденција.

Поврзани новости