Судот опколен со специјалци, ќе се протестира за Алими осуден за „27 април“

by fokus

Судската палата е опколена од полициски службеници и специјалци, поради најавенот протест за осудениот Абдулфета Алими, кој доби седумгодишна затворска казна, како еден од обвинетите за „27 април“’.

Збирно место на демонстрантите е споменикот на Скендер Бег, од каде што се очекува да се упатат кон Кривичниот суд.

Алими беше дел од собраниското обезбедување, кој според обвинителката Вилма Русковска но и судијката Добрила Кацарска не ја исполнил својата должност, односно не спречил отворање на собраниските врати. Според пратеникот Зикадин Села, токму Алими му го спасил животот.

Поврзани новости