Судот одлучува дали Левица ќе учествува на изборите

by Фокус

Жарко Петрески од Скопје, човекот кој претставувајќи се како основач и член на Левица побара партијата да не учествува на претстојните парламентарни избори, бидејќи партијата го прекршила партискиот статут, е манупиулатор, реагираат од Левица, од каде ова го толкуваат како страв на актуелната власт од она што партијата може да го постигне на изборите.

Инаку, Пејковски до Основниот суд Скопје поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември, бидејќи во втората половина на октомври од лица од партијата бил информиран оти Централниот комитет на Левица на седница на 16 октомври со мнозинство гласови донел одлука партијата самостојно да настапи на изборите на 11 декември.

Оваа одлука, како што напишал подносителот тој во дописот до судот, била во целост спротивна на статутот на Левица, поточно на членот 26, став 1, каде било прецизирано дека одлуки за учество или бојкот на избори донесувал Пленум, а не ЦК, за што на увид на судот го доставил и партискиот статут, донесен на 6 февруари годинава.

Поврзани новости