Судот нема да го чека Груевски до среда, во вторник ќе побара присилно спроведување

by fokus 16:26
16:26

Осудениот Никола Груевски има рочиште дури во среда кога треба да се појави во суд за предметот „Титаник“. Но судот нема да чека до тогаш за да му биде врачено решението на Кривичниот совет со кое се одбива неговата жалба.

Од Кривичниот суд велат дека утре ќе ги направат последните напори да го пронајдат Груевски, но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.

- Advertisements -

„Ако судот одлучи дека Груевски ја избегнува одлуката, веќе во вторник следните чекори се присилно да биде спроведен во придружба со полицијата или издавање на налог за апсење, што е во согласност со судската пракса“, велат од судот.

Поврзани новости