Судот не и го одзема пасошот на Канческа-Милевска

by fokus

Основен суд Скопје 1 денеска информираше дека го одбил предлогот на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на првоосмничената во случајот „Тендери“, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

-Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост против две лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тендери“, пред судуја на претходна постапка на 28.10.2016 година беа повикани двете лица кои во присуство на нивните бранители и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По завршување на распитот судијата на претходна постапка со решение од 28.10.2016 го одби предлогот на СЈО, за определување на мерки за претпазливост, како неоснован, а по писменото изготвување решението е експедирано до странките, се вели во соопштението на Судот.

Против ова решение СЈО има право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението.

Поврзани новости