Судот не ги прифаќа снимките од „бомбите“ како докази

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица затао што, според судот, доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага, информираат од судот.

„Постапувајќи по барање за издвојување на докази од списи на Основното Јавно обвинителство, поднесено од адвокат Никола Додевски, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое се уважува барањето за издвојување на докази – снимки од телефонски разговори и транскрипти на истите од предметите на ОЈО оформени по поднесена кривична пријава на Социјал Демократкиот Сојуз на Македонија, се вели во соопштението на судот.

Оттаму образложуваат дека адвокатот побарал снимките од телефонски разговори и траснкрипти од истите, а приложени како доказ во предметите за сторено кривично дело да се издвојат како незаконски прибавени докази бидејќи согласно чл. 12 с.2 од ЗКП не може да се користат и врз нив да се заснова судска одлука. Одлуката од судот ја правдаат бидејќи осомничените, во случајот владините функционери, не биле прислушувани од надлежните органи, односно снимките не биле добиени како резултат на посебни истражни мерки.

-Постапувајќи по барањето и ценејќи ја единствено законитоста на доказите без впуштање во содржината на постапката која ја води Јавното обвинителствот, а имајќи го во предвид писменото известување добиено од ОЈО – Скопје, судија на претходна постапка го уважи барањето за издвојување на аудио записите содржани на ЦД и траснкрипти од истите како доказ од списите на предметите. Аудио записите и транскриптите се затвараат и се чуваат кај сдија на претходна постапка при овој суд одвоени од другите списи при што неможат да се користат во постапка, бидејќи согласно Законот за следење на комуникации и измените на истиот, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до надлежен судија кое се поднесува од надлежен Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган согласно овој закон и наредбата се издава со ограничен рок на траење наведен во наредбата, додаваат од судот.

Поврзани новости