Судот нареди одземање видео материјал од општина Кавадарци за изборен поткуп

by fokus

Видео материјал од општинската зграда во Кавадарци ќе биде одземен  по судска наредба и на барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите.

Судот наредбата ја издал вчера и со неа и се наложува на полицијата да го одземе видео записот и да го предаде на понатамошно постапување во обвинителството.

Судската наредба е обезбедена откако вчера во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред претстојните избори.

Поврзани новости