Судот има рок од осум дена да закаже судење за обвиненијата на СЈО

by fokus

Во наредните осум дена Кривичниот суд е должен да закаже судење за првите две обвиненија кои по скратена постапка ги поднесе Специјалното јавно обвинителство.

-Обвиненијата се стигнати во судот од каде согласно електронски систем се распоредуваат кај судија кој пак треба да закаже термин. Бидејќи станува забор за рок од 8 дена неофицијално тоа најверојатно би требало да биде следната недела- велат од Кривичниот суд.

 СЈО поднесе обвинение за уништување на доказите за прислушување и за нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината.  Како што тврдат од СЈО станува збор за високи функционери и соработници на власта кои треба да се најдат на обвинителските клупи.

Обвинителката Катица Јанева вели дека  е подготвена за судење.

-Тие се поднесени со скратена постапка, рокот на закажување е 8 дена, судот може тоа веднаш да го закаже, а ние сме подготвени за судење – изјави денеска Јанева.

Двете обвиненија ќе се поднесат по скратена постапка, a oд СЈО велат дека очекуваат осудителни пресуди.

Поврзани новости