Судот им одреди притвор на Исмаиловиќ и Азири обвинети во „Монструм“, по Исмаиловиќ се трага

by fokus 15:28
15:28

Од Кривичниот суд информираат дека им е одреден притвор на Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, обвинети во „Монструм“, а за кои денеска обвинителката Фатиме Фетаи побара ваква мерка, поради опасност од бегство.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежниот обвинител во предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ за опредлеување мерка притвор против Ф.А. и А.И, донесе решенија со кои гo прифати предлогот со оглед да се исполнети условите од член 199 ст.1 т.1од ЗКП.

- Advertisements -

На обвинетиот Ф.А. му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и истото е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот, додека за А.И. е определна мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и истото е доставено до надллежното МВР, информираат од Кривичниот суд.

„Фокус“ објави дека на Исмаиловиќ денеска му се изгуби трагата откако обвинителката побара притвор, а судот му дозволи да си замине додека не биде донесена одлука. МВР во моментот трага по него.

В.В.

Поврзани новости