Судот го ослободи од обвинение Мијалков за апсењето на Љубе Бошковски

by Fokus

Основниот кривичен суд во Скопје денеска го ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првообвинет за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечкото апсење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Судечкиот совет предводен од судијката Александра Ристеска ги ослободи од обвинение Сашо Мијалков, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани со образложение дека Јавното обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, беше вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристеска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни оваа година, не ја објави најавената пресудата за овој случај.

Во доказната постапка Обвинителството тврдеше дека при апсењето на Бошкоски имало мачење и дека тоа било „реваншизам“. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање

Поврзани новости