Судот бара Јанакиески и Ристовски да се префрлат во друг затвор

by fokus

Од Кривичниот суд соопштија дека судија овој суд денеска извршил редовна посета на КПУ Затвор – Скопје при што разговарал со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои вчера беа нападнати во притворското одделение.

„При посетата е констатирано дека состојбата во Затворот денеска е мирна, без нарушување на редот и мирот, а сите активности на притворените лица се одвиваат непречено. Обвинетиот М.Ј. пред судијата изјавил дека по вчерашниот инцидент се здобил со повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му е укажана медицинска помош. Со оглед да чуствувал болки на телото, препишана му е соодветна медицинска терапија кој од денеска редовно ја прима“, соопштија од судот.

Притворените, додаваат од таму, не навеле други забелешки кои се во надлежност на судот, но и покрај тоа Основниот суд Скопје 1 – Скопје препорачува на управата на Установата да ги преземе сите мерки за расчистување на случајот и да направи ревизија на распоредите за прошетки на свеж воздух на притворените лица со што во иднина нема да овозможи лицата кои учествувале во вчерашниот инцидент повеќе да не се среќаваат во дворот на Затворот.

„Дополнително Основниот суд Скопје 1 – Скопје ќе се обрати до Управата за извршување санкци со барање да изврши анализа и да предложи други Казнено поправни установи во земјата кои имаат соодветни услови за одредени притвореници кои сметаат дека не се безбедни во Затворот – Скопје, да се префлрат во тие установи се до истек, промена или укинување на определната мерка притвор“, велат од Кривичен суд.

Поврзани новости