Судир на четири возила во близина на Охрид

by fokus

Сообраќајна несреќа поладнево се случи на магистралниот патен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“.

Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно товарно. Засега нема информации за жртви во несреќата, освен придизвиканата материјална штета.

Причините за настанувањето на незгодата ќе ги утврди увидот што е во тек.

Сообраќајот на тој патен правец се одвива по алтернативна насока, преку стариот пат од Охрид кон Струга.

Поврзани новости