Судијката се повика на Господ, а Фетаи изјави дека треба само да ги почитува законските одредби

by fokus

По денешното одложување на судењето за предметот на Специјалното јавно обивнителство, попознат како „шамари во Општина Центар“, обвинителката, Фатиме Фетаи, во изјава за медиумите порача дека е потребно судот да ги почитува законските одредби. Судењето се одложи поради неоправдано отсуство на еден од обвинетите.

-Судењето се одложи поради неисполнување на законските одредби. Како што рече судијката, ако даде господ следното ќе се одржи. Господ сигурно нема да помогне, ако судот не ги исполни законските одредби. Конкретно ние побаравме стражарно приведување на еден обвинет, а дали судот ќе прифати ќе видиме – изјави Фетаи по излегувањето од Судот

За време на рочиштето настан конфликт помеѓу судијката, Татјана Михајлова, и Фетаи. Специјалната јавна обвинителка ја обвини Михајлова за непотребни одолговлекувања на судењата, а обвинителот, Гаврил Бубевски, побара одржување на рочиштата секој ден, но неговото барање не беше прифатено.

Поврзани новости