Судијката Јанковска која ги отфрли „бомбите“ заминува во пензија

by fokus

Судскиот совет на денешната седница ја разреши судијката Славјанка Јанкоска од Основниот суд Скопје 1. Судијката Јанкоска за време на нејзиното работење во судот, донесе решение дека „бомбите“ не се доказ во постапката.

Судскиот совет со 9 гласа за од присутни 9 членови констатираше дека Јанкоска ги исполнила условите за пензионирање и гласаше за нејзино разрешување.

Јанкоска работеше на предметите на Зоран Верушевски и Љубе Бошкоски, а беше позната и по тоа што и избега осомничен од судот, турски државјанин, додека чекал да го изготват решението за притвор.

Поврзани новости