Судијата Панчевски поднесе кривична пријава за претседателката на Антикорупциска

by fokus 11:43
11:43

Судијата Владимир Панчевски поднесе кривична против претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска. Панчевски пријавата ја испратил директно до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефот на скопското обвинителство Сашо Рајчев.

Панчевски бил потикнат од прес конференцијата на Антикорупциска на која беше најавено дека Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на неколкумина судии, меѓу кои и на Панчевски, кој еден период беше и претседател на Кривичниот суд.

- Advertisements -

-Двајца членови на Антикорупциска – претседателката Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска на самиот старт од нивната работа, поради својот не етички и непрофесионален однос, кршејки го законот по кој вршат дискрециони права, заработија кривична пријава! Нека ви е наздравје прес-конференцијата, да свикувате уште многу нови прес-конференции!

За обвинителот Јовевски и неговите послушници поднесено со печат, но не се ни сомневам дека повторно ќе ја заташкаат работата, тоа е многу сигурно и многу веројатно од сите досегашни постапки на Јавното обвинителство и реформираните обвинители, да не гонат криминал како соучесници на власта!

Бележиме и нижеме незаконитости, и лажни правосудни реформи, ова е примерот за борба против корупцијата, еден ден народот ќе им суди!, напиша судијата Панчевски на фејсбук, кадешто ја објави кривичната пријава.

В.В.

 

Поврзани новости