Судијата Огнен Ставрев ќе оди да го види опелот со кој се превезувале дел од обвинетите во Монструм

by fokus

Судијата Огнен Ставрев, заедно со обвинителите и адвокатите ќе одат да го видат автомобилот опел омега, со кој наводно се превезувале дел од обвинетите во Случајот Монструм.

-Сакам да го видам автомобилот, рече судијата Ставрев, а неговиот предлог го прифатија сите останати.

Со овој увид на возилото конечно ќе се разреши мисреријата дали оваа возило навистина постои, бидејќи одбраната се сомневаше на тоа. И по неколкуте нивни барања, тогашниот судија и обвинител никогаш не им дозволија да го видат.

Поврзани новости