Судијата од Врховен суд Наке Георгиев си поднесе оставка од позицијата член на Судскиот совет.
Сето ова доаѓа откако неколку дена траат кавги во Судски совет дека не е законски тој како член на Судскиот совет да го бира неговиот син за судија.
„Драго ми е што беше разбран од колегите категоричниот став дека законски не е возможно судија да биде избран во ситуација кога член од семејството е избран во Судскиот совет” рече Весна Дамева.
Судиите Ивица Николовски, Мери Радевска и Весна Дамева, според неофицијалните информации, го убедиле Георгиев дека мора да си даде оставка од функцијата, ако сака неговиот син кој заврши Академија да биде избран за судија.
Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.
За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, но тој се спаси.
Пред две недели беше избран за нов член на Судскиот совет од редот на врхвните судии само со 6 гласа, од кои едниот беше неговиот.