Судиите Панчевски и Вангеловски на распит во Обвинителството

by Fokus

Судиите Владимир Панчевски и Јово Вангеловски се повикани на распит во Основното обвинителство. Извори од таму за телевизијата Алсат брифираат дека поранешниот шеф на Кривичен и актуелниот претседател на Врховниот суд, треба да дадат изјави во врска со злоупотребите на АКМИС системот во судовите.

Паралелно со ова минатата недела двајцата обвинители кои работат овој случај биле во скопска единица. Прибирале податоци за функционираењето на АКМИС – от, а обезбедените информации дополнително ќе ги анализираат. Официјална потврда од обвинителството за преземените чекори денеска немаше, со објаснување дека истрагата е сѐ уште во предистражна фаза.

Поврзани новости