Судиите и обвинителите сепак ќе си одат во пензија?

by fokus

Околу 60 судии и 10 обвинители од петок, 1 јули најверојатно ќе одат во пензија.

Овој заклучок произлегува по одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва само што почна, да ја прекине седницата на којашто требаше да бидат изгласани измените на Законот за работи односи, којшто предизвика бројни инциденти во Собранието, а предвидува на овие судии и јавни обвинители да им се продолжи мандатот за да се надмине недостатокот на овој кадар до завршувањето на следната генерација.

Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците дополнително ќе бидат известени за нејзиното продолжение. Но, она што го прави невозможно да поминат измените на законот до утре на полноќ, односно до крајниот рок, е тоа што за збор кај собранискиот спикер се пријавија 40 пратеници, кои се пријавија и за реплики на излагањето на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев кој е против носењето на овој закон, но сепак е одделна пратеничка група во опозицискиот блок.

Утре на дневен ред е интерпелацијата поднесена за спикерот, Талат Џафери, но и таа да се одложи, шансите да поминат измените се сведени на минимум. Измените кои ги предложи министерството за труд и социјална политика предизвикаа низа инциденти на комисиските расправи во Собрание.

Првиот беше на Комисијата за европски прашања, кога претседателот на Комисијата, Арер Адеми фрлаше со филџани и шишиња кон пратеници, а потоа иницидентите продолжија и на другите Комисии.

Власта тврди дека со овие измени кои се носат со просто мнозинство ќе се овозможи да нема дупка во судско-обвинителскиот кадар додека заврши другата генерација на судии и јавни обвинители, а опозицијата обвинуваше дека власта шверцерски сака да им го продолжи мандатот на подобни судии и обвинители.

Поврзани новости