Судии обвинети од СЈО ќе одлучуваат по тужбите за приговорите до ДИК

by fokus

Петтемина судии, обвинети за злоупотреба на службената положба во предметот “Титаник 2“ на СЈО за изборни нерегуларности, ќе одлучуваат за поднесените тужби за првиот круг од локалните избори.  Овие судии, кои во август останаа без судиски имунитет, се распоредени во советите од по пет судии, кои што треба во рок од 48 часа да одлучат за поднесените 27 тужби, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Управниот суд.

Станува збор за судиите Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзулаи, кои во „Титаник 2“ се обвинети заедно со уште четири члена на Државната изборна комисија, од кои еден сè уште е во ДИК и одлучуваше за поднесените приговори од партиите.

Поврзани новости