Судењето за „Транспортер“ се уште не е закажано, иако СЈО пред два месеци го поднесе обвинението

by fokus

Иако уште пред два месеци Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Основниот суд Скопје 1 го поднесе обвинението за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се уште не е закажано судско рочиште.

Како што не информираа од судот се уште е е завршена оцената на обвинението, бидејќи според Законот за кривична постапка (ЗКП), советот на седница најпрвин треба да изврши оцена на обвинението, на која може да го одобри обвинителниот акт, да го отфрли или доколку утврди технички грешки да го врати назад кај обвинителот на поправка.

Според ЗКП, Советот во рок од осум дена од приемот на приговорот против обвинителниот акт, треба да ја закаже седница за оценување, но како што информираат од судот роковите за приговорите се уште не се истечени.

Доколу обвинението е одобрено, главната расправа се закажува во рок од 30 дена од приемот на обвинителниот акт, или 60 дена доколку станува збор за дела од организиран криминал.

Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се уште 22 вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми, кои се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 360.000 евра народни пари.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости