Судењето за „Титаник 3″ продолжува на 18 ноември

by Fokus 16:02
16:02

Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3″ продолжува на 18 ноември, откако на денешното рочиште исказ даваше обвинетиот Исмет Гури.

За следното рочиште, Судот даде наредба да се обезбеди сведок, за кого сега има пријавено адреса во Германија, па доколку не може да се обезбеди негово лично присуство да биде сослушан преку видео конференциска врака.

Исмет Гури по денешното рочиште, пред медиумите рече дека дефинитивно е политички и нема никакво кривично дело.

- Advertisements -

– Се поништи и истиот резултат се појави и вториот круг, без ниту еден глас разлика. Истиот резултат од првиот и во вториот круг. Во 2016 година измислија дека имало некое кривично дело уништување избирачки материјал. Што е уништено, кога се предочуваат записници – изјави Гури.

Прочитајте и…  Анархистите кои ДИВЕЕЈА синоќа во Солун ОЧИ ВО ОЧИ со јавен обвинител

Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именувањето на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. Застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Поврзани новости