Судењето одложено затоа што обвинетиот пратеник од ДУИ морал да присуствува на ратификација на договорот со Грција

by fokus 11:16
11:16

Поради задолжително присуство на пратеникот Ејуп Аљими на собраниска седница денеска не се одржа судското рочиште за предметот „Титаник 3“. Ново рочиште е закажано за 28 јуни, кога сведоците во случајот треба да дадат изјави пред Судот.

Обвинетиот Аљими, кој е пратеник во Собранието на РМ, го информирал судот дека мора да присуствува на денешната седница за ратификација на договорот за името меѓу Македонија и Грција.

- Advertisements -

Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Обвинетите на претходното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

Адвокатите на  Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

Поврзани новости