Судењето за „Пуч“ одложено за 7 септември, Заев не се појави на рочиштето

by Фокус 10:16
10:16

Денеска, во Основниот суд Скопје 1 не се појави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев за случајот „Пуч“, поради што судењето беше одложено за 7 септември. Адвокатите побараа одложување на подолг рок, бидејќи има постигнато политички договор случајот да го води специјален обвинител, но на тоа судијката Љубинка Башеска реплицираше дека не ја интересираат политичките околности, бидејќи за случајот се уште има луѓе во притвор и затоа бараше судењето да биде закажано на пократок рок.

Заев уште претходно изјави дека не го признава судот и дека нема да присуствува на закажаните судски рочишта, ниту, пак, ќе ја почитува мерката, која му беше определена, редовно да се јавува во Судот.

- Advertisements -

 

Поврзани новости