Судењето за „Диво Насеље“ почнува одново

by Фокус

Денешното рочиште за судскиот процес „Диво насеље“  е оложен за 19 мај, поради тоа што се зголемува бројот на обвинети во случајот, а салата беше премала да ги собере сите.

Инаку, обвинителството реши кон овој предмет да ги додаде жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам.

Бидејќи се спојуваат два предмета, судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток – обвинетите одново да се изјаснуваат, сведоците одново да се сослушуваат итн.

Поради тоа што во судницата ќе треба за влезат минимум уште 20 луѓе обвинети и адвокатите, од Кривичниот суд било побарано да се користи салата на Врховниот суд, но од таму стигнал негативен одговор.

Поврзани новости