Субрата ја договорил продажбата на хотелите во Лондон и во Њујорк

by Фокус

Притворениот газда на „Сахара“, Субрата Рој ја договорил продажбата на трите хотели во Лондон и во Њујорк и вчера го информирал индискиот Врховен суд за зделките, јавуваат индиските медиуми.

Рој од затворот во Њу Делхи му објаснил на судот дека го пазарил хотелот „Лондон Гросвенор хаус“ за дури 46 отсто повеќе отколку што го проценила Банката на Кина, меѓутоа не открил кои се купувачите. Судот му дал 15 дена да ги финализира продажбите преку кои треба да собере пари и да ја плати сумата која му ја побарува тамошната Комисија за хартии од вредност и да излезе од притвор.

Поврзани новости