Студентскиот Пленум објави повик за предлог идеи за студентско организирање

by fokus

Студентски пленум објавува повик за доставување на предлог модели за студентско организирање кои ќе бидат консултирани при креирањето на предлогот за измена на Статутот на УКИМ.

Иницијативата потекнува од учеството и иницирањето на создавање на работна група во склоп на УКИМ која ќе има за цел менување на Статутот на универзтитетот во делот на студентското организирање т.е. Студентските парламенти.

-Ги повикуваме сите кои имаат идеи како да го подобриме студентското претставување да ни ги пишат предлозите на plenum.studentski@gmail.com! Доколку некој од нашите колеги сака да се вклучи поактивно во пишувањето на концептот, пишете ни или на маил или во инбокс. Финалниот предлог ќе биде јавно објавен, а за истиот ќе се дискутира на средбата на Kомисијата за измена на Статут која ќе се оддржи на 30ти август. Финалните измени треба да бидат готови до 15ти септември, и понатаму ќе се дадат на гласање на Сенатот на УКИМ, се наведува во повикот на Студентскиот Пленум.

Поврзани новости