Студентски пленум: Секоја власт да го слуша гласот на засегнатите страни

by Фокус

Студентскиот пленум смета дека со одложувањето на спорните одредби во високото образование, кое вчера беше изгласано во Собранието, власта само признала дека нејзините потези се нелогични, а единствена причина што целосно не ги повлекла е тоа што суетата не им дозволува да преземат таков чекор.

-Секој оној кој би бил на власт – при конципирањето на измени, односно реформи во иднина, да има во предвид секогаш да се слуша гласот на засегнатите страни како што беа студентите во овој случај. Со слепо и глуво донесување на мерки само се зголемува постоечкото незадоволство и создава револт кој никако нема да се згасне со еден мораториум. На македонските студенти им е потребен целосно нов Закон за високо образование, во чие создавање тие мора да бидат слушнати и вклучени, се вели понатаму во соопштението на Студнтскиот пленум.

Поврзани новости