Студентски пленум: Не се исклучува можноста од нови протести и бојкот на наставата

by Фокус 12:18
12:18

Не се исклучува можноста од нови протести, но и бојкот на наставата ако владата продолжи со истиот став за воведување на државен испит на факултетите, реагираа денеска од Студентскиот пленум по промовирањето на новиот пакет мерки од министерството за образование.

Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на владата и тврдат дека ќе побараат од шефот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и да придонесе за успешно реформирање на образованието.

- Advertisements -

– Институциите се затворени, владата е глува и ја игнорира нашата аргументација. Автономијата на универзитетот не е уставно Елдорадо, туку суштина на развојот на критичкото општество. Министерството остана немо на нашата аргументација. Доставија барање до универзитетите за мислење околу испитот и факултетите го отфрлаат. И покрај тоа ги игнорираа нашите и ставовите на професорите. Уште поиронично е што донесоа и пет нови измени за образованието без да ги консултираат најзасегнатите страни, кои не се прашани. Апелираме засегнатите да се изјаснат, бидејќи не може вакви измени да се прават без консултација. За државниот испит, јасно е дека Владата сака да го тестира квалитетот на образованието со квантитативен метод. Со игнорантскиот однос не приморуваат да преземаме вонинституционални мерки – вели Христијан Давидовиќ од Студентскиот пленум.

 

Поврзани новости