Студентите утревечер организираат забава: Журка за реновирање

by Fokus

Студентите од Македонија утревечер организираат забава, за како што велат, реновирање на студентските домови кои со децении се во катастрофална состојба.

„Оваа забава не препознава разлики по ниту една основа, напротив, има една многу поголема цел, а тоа е директно да помогнеме во подобрувањето на условите во студентските домови. Воедно, ги охрабруваме сите општествено одговорни компании кои сакаат да се приклучат кон иницијативата, можат слободно да не исконтактираат на меилот: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk. Исто така, на сите наредни настани кои ќе бидат организирани од страна на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, ќе има кутии за донации и сите тие средства ќе бидат директно наменети за студентските домови. Дојдете оваа среда сите заедно да створиме една убава журкачка атмосфера во Skopje Event Centar, за потоа да има уште подобра атмосфера и удобност во домовите. На забавата може да очекувате само добра музика и шанса сите ние да ја ставиме солидарноста на прво место!  Од студентите, за студентите! Ве очекуваме со сѐ срце“, велат студентите.

Поврзани новости