Студентите со ултиматум до ректорот Стојковски да им одговори до четврток

by Фокус 18:03
18:03

Студентите од Студентскиот пленум и младинската организација „Мугра“ денеска упатија ултиматум до ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски, до четврток да им одговори на нивните барања поврзани со изградбата на објекти на факултетите ФИНКИ и ДИФ во дворот на кампусот на УКИМ. Студентите во меѓувреме ќе разговараат кои идни чекори ќе ги преземат доколку ректорот не им одговори до дадениот рок.

-Сметаме дека тоа е еден разумен рок на кој тој може да одговори на нашите барања. Што понатаму ако тој не одговори до четврток, тоа дополнително ќе се одлучи. Се надеваме дека имаме работа со здраворазумски луѓе и дека во овој предвиден рок ќе има одговор на нашите барања, рече Кирил Дончов од младинската организација „Мугра“.

- Advertisements -

Ректорот Велимир Стојковски моментално е во Москва, каде што беше и вчера за време на блокадата на Ректоратот. Во Македонија ќе се врати во понеделник.

Поврзани новости