Студентите го блокираа влезот на Ректоратот

by fokus

Претставници на Студентскиот пленумот утрово го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј каде за 10 часот беше закажана седница на која би требало да се бира нов ректор.

Студентите го блокираат влезот за сите вработени, бидејќи, како што тврдат, ректорот ќе се бира со  10 гласови на десет студентски претставнци кои не се легитимни.

Додека никој не може да влезе во Ректоратот, ректорот Велимир Стојковски и дел од вработените чекаат. Студентите велат дека немаат намера да се откажат.

Поврзани новости