Студено време со дожд и снег

by Fokus

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег.

Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Поврзани новости