Студени утра, а за викенд повеќе сонце преку ден

by fokus 08:07
08:07

Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, позначителен од почетокот на следната седмица.

Според прогнозата на УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Поврзани новости