Студен бран и снег во Грција

by fokus 13:22
13:22

Основните и средните училишта во грчкиот град Лерин денеска се затворени поради снегот и лошите временски услови, додека пак на островот Крит поради силен ветер имаше проблеми во авио-сообраќајот.

Студениот бран што ја зафати Грција, создаде помали проблеми во морскиот и авио-сообраќајот, донесе снег на планините и во дел од градовите во северниот дел на земја, јави дописничката на МИА од Атина.

- Advertising -

Во Лерин, со одлука на градоначалникот, поради снегот и лошото време основните и средните училишта денеска се затворени, а работата само градинките.

Поради силниот ветер, авион од Атина, наместо во градот Ираклио на Крит, утрово слета во друг град на островот.

Поврзани новости