Стружани и денеска ќе протестираат, сакаат чист воздух и решение за дивата депонија

by fokus

Стружани ќе продолжат со протестите и денеска. Граѓаните најавија блокади на повеќе патни правци, доколку итно не се преземе нешто за решавање на ситуацијата со дивата депонија која го загадува воздухот во Струга и околината.

Нивниот револт не стивнува, бидејќи се уште нема конкретни решенија за проблемот со струшката дива депонија, иако министрите без ресор  и животна средина веднаш се одзваа на апелот од граѓаните и излегоа на терен. Тие не изнесоа конкретни временски рокови за тоа кога стружани ќе почнат да дишат чист воздух.

Депонијата во која вчера избувна пожар, се уште гори. Пожарникарите не можат да се справат со огнот, а немаат ни целосен пристап до депонијата. И понатаму не се знае кога депонијата ќе се изгасне, премести или конзервира како што бараат граѓаните.

Засега министерството ја препушта работата на експертски тимови кои следниве денови ќе ја испитуваат состојбата, а заклучоците ќе ги изнесат на владина седница која дополнително ќе одлучува како ќе постапува и ќе го решава проблемот.

Поврзани новости