Струмичанка си го оставила бебето во такси за да ограби 80-годишна баба

by fokus

Струмичанка на возраст од 21 година нападнала и ограбила 80-годишна жена во вторникот околу 21.37 часот, на ул. „24 Октомври„ во Струмица додека бебето го оставила привремено во такси возило. Против неа е поднесена кривична пријава за разбојништво.

21-годишната Е.Ѓ. од струмичкото село Просениково, ја нападнала 80-годишната Р.М. од Струмуца, така што и се приближила одзади грб и ја турнала жената на тротоарот. Потоа и ја одзела женската чанта и побегнала.

Од полицијата велат дека за време на настанот, бабата викала и барала помош.

„Тоа го слушнале четири малолетници  кои се приближиле до оштетената и откога дознале за што се работи  веднаш почнале да трчаат по пријавената.  За кратко време пријавената влегла во такси возило, каде било оставено нејзиното бебе, со намера да замине.  Едно од децата застанало пред возилото и му кажало на возачот дека жената украла чанта.  Тоа и  ја одзело чантата и ја вратило на Р.М.  Таа проверила и забележала дека и бил украден женски паричник во кој имала пари и лични документи. Во тој момент, Е.Ѓ. го зела бебето и избегала“, велат од МВР.

Во нападот, додаваат, Р.М. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана медицинска помош.

Поврзани новости