Струмичанец пријавил дека вечерва бил тепан од група во која бил и Чавков

by fokus

Струмицанецот Ванчо Спасов во полиција пријавил дека вечерва бил истепан од група вработени во СВР Струмица и други лица, во чие друштво бил пуштениот на слобода Митко Чавков, објави порталот СДК. Во пријавата, велат од струмичката полиција, не било наведено дека и Чавков го удирал Спасов, но дека на заминување од местото го прашал: „Зошто ме сликаш?“

Според тврдењето на Спасов, настанот се случил околу 18 часот во мотелот и етно ресторан „Подгорски ан“ во близина на Колешинските водопади во Струмица, каде Чавков, кој е пуштен од притвор за обвинението за 27 април со гаранција, бил со пријатели и бивши колеги од СВР Струмица. Спасов го снимил Чавков со мобилниот телефон.

„Пријавителот на настанот, според исказот во полиција, бил физички нападнат од четири лица со удари по грбот. По ќотекот му ги свиткале рацете и го легнале на земја. Потоа насилно му го зеле мобилниот телефон. Тогаш лицето Митко Чавков го прашал истепаниот зошто го слика и тој, четворицата напаѓачи и уште 2 непознати лица кои не го удирале пријавителот, си заминале од угостителскиот објект со три автомобили“, велат во МВР за овој настан.

 

Поврзани новости