Струмичанец купил пиперки со фалсификувани 20 евра

by fokus

Со фалсификувани 20 евра струмичанец се обидел да купи пипер, на кванташкиот пазар во Струмица, но бидејќи на продавачот му била сомнителна банкнотата, била повикана полиција.

-СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.И. (59) од с.Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот на кванташкиот пазар во Струмица при купување на пиперки употребил фалсификувана банкнота од  20 евра, информираат од МВР.

Поврзани новости